Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека двајца украински шпиони се уапсени во Мелитопол поради пренесување чувствителни информации за руската армија.
Според ФСБ, осомничените биле регрутирани од украинските специјални служби преку апликацијата Телеграм.
По инструкции од нивните претпоставени, тие собирале и пренесувале информации за локациите на рускиот воен персонал и опрема што биле цел на ракетни и бомбашки напади, како и на саботажи, се наведува во соопштението на ФСБ.