Мажот осомничен за убиство на осум лица во Џолиет, Илиноис, од кои седуммина од исто семејство, е пронајден мртов во Наталија, Тексас, а се претпоставува дека си го одзел животот со истрел од пиштол по пресметка со полицијата во Тексас.
Како што пренесува Си-Би-Ес Њуз (CBS News), осомничениот е идентификуван како Ромео Нанс, а мотивот за убиствата е непознат и полицијата претпоставува дека осомничениот не ги познавал жртвите.
Во неделата, осомничениот од неговото возило пукал во 28-годишен маж, а следното утро полициски службеници пронашле пет тела во куќата во која живеел осомничениот, а потоа уште две тела во куќата спроти улицата.
Полицијата верува дека седумте лица чии тела биле пронајдени во двете куќи биле членови на исто семејство. (МИА)