Свет По еден потрес на секои 30 минути

Во Италија лани биле регистрирани 16.307 земјотреси

Најсилен беше земјотресот на 1 мај во 4 часот и 41 минута во близина на брегот на Калабрија со јачина од 5,2 степени.

Во Италија лани биле регистрирани 16.307 земјотреси

Во 2023 година, во Италија биле регистрирани 16.307 земјотреси, што значи по еден потрес на секои 30 минути, објави веб-страницата Sky TG 24, цитирајќи го Националниот институт за геофизика и вулканологија.

Најсилен беше земјотресот на 1 мај во 4 часот и 41 минута во близина на брегот на Калабрија со јачина од 5,2 степени.

Сеизмички најактивна област била Сицилија со вкупно 181 сеизмички настан со магнитуда поголема од 2 степени, додека Сардинија е област со најмала сеизмичка активност.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top