Свет

Во Иран уапсени четворица странци за учество во немири, објави државната телевизија

Четворица странци, чија националност не е наведена, се уапсени во Иран за учество во немири, објави денеска Иранската државната телевизија.

Овие лица се приведени во операција во покраината Техеран, соопшти телевизијата, без да го наведе датумот на апсењата.

„При претрес на чантата на еден од осомничените се пронајдени четири рачно изработени шок-бомби користени за време на немирите и безредијата во областа“, објави истиот извор.

Иранските власти ги обвинуваат Израел и САД за вмешаност во овие немири, кои резултираа со илјадници жртви.

Иранската влада тврди дека повеќето од жртвите се членови на безбедносните сили или минувачи убиени од „терористи“. Странски невладини организации ги обвинуваат безбедносните сили дека смислено целеле кон демонстрантите.

На 24 јануари иранска новинска агенција објави за апсење на уште двајца странски државјани во западен Иран.

Најнови вести од Свет

To top