Германската полиција приведе 13 лица во Дортмунд поради вмешаност во вчерашниот напад врз 24-годишен блогер.
Помеѓу приведените одреден број се и десничари, а некои од нив имаат и криминални досиеја. Тие го нападнале блогерот и му ја одзеле камерата.
Инцидентот се случи по протестите за време на викендот против ултрадесничарите. (МИА)