На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (ХИЦП), што овозможува споредба помеѓу земјите-членки, во февруари се намали на 2,8 отсто од 3,1 проценти во јануари.
Инфлацијата во еврозоната во февруари се намали од 2,8 на 2,6 отсто.
Според Европскиот завод за статистика, цените во ЕУ и во еврозоната на месечно ниво пораснале за 0,6 отсто, откако во јануари беше регистрирано намалување за 0,2 проценти во однос на декември.
Цените на енергијата бележат најголем пад од 3,7 проценти во февруари во еврозоната, во споредба однос на истиот период лани, но поблаг од јануари.
Цената на свежата храна порасна за 2,1 отсто, што е помалку од почетокот на годината кога цените пораснаа за 6,9 отсто.
Во февруари 2023 година, годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 8,5 отсто, а во ЕУ 9,9 отсто.
Највисока годишна стапка на инфлација од 7,1 отсто во ЕУ во февруари забележа Романија, додека најниска стапка на инфлација во ЕУ од 0,6 проценти во февруари е регистриран во Данска и Летонија.