Свет

Во експлозијата пред судот во Исламабад загинаа 12 лица

-Го истражуваме овој инцидент од повеќе агли. Ова не е само уште еден бомбашки напад. Се случи во центарот на Исламабад, рече министерот.

Во експлозијата пред судот во Исламабад загинаа 12 лица

Бомбаш самоубиец утрово уби најмалку 12 лица пред суд во пакистанскиот главен град Исламабад, изјави министерот за внатрешни работи Мосин Накви.

Неколку други лица се ранети, а некои се во критична состојба, изјави болнички извор.

Бомбашот самоубиец првично се обидел да влезе во зградата, а експлозивна направа ја активирал пред судот, во близина на полициското возило, откако чекал таму околу 10 до 15 минути, изјави Накви од местото на настанот.

-Го истражуваме овој инцидент од повеќе агли. Ова не е само уште еден бомбашки напад. Се случи во центарот на Исламабад, рече министерот.

Експлозијата се случи во близина на влезот во Окружниот суд во Исламабад, што вобичаено е преполн со странки.

To top