Свет

Во болницата во Ахмедабад донесени над сто безживотни тела

Авионот Боинг 787-8, со 232 патници и 12 членови на екипажот, што денеска се урна кратко време по полетувањето од индискиот град Ахмедабад, падна врз студентски дом на Медицинскиот колеџ, во кој се сместени студенти и млади лекари. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините

Во болницата во Ахмедабад донесени над сто безживотни тела

Повеќе од сто безживотни тела се донесени во болницата во Ахмедабад по уривањето на патничкиот авион на „Ер Индија“, кој летал за Лондон.

Авионот Боинг 787-8, со 232 патници и 12 членови на екипажот, што денеска се урна кратко време по полетувањето од индискиот град Ахмедабад, падна врз студентски дом на Медицинскиот колеџ, во кој се сместени студенти и млади лекари. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди изјави дека трагедијата во Ахмедабад го потресла и длабоко го растажила.

Во овој тажен момент, моите мисли се со сите кои оваа несреќа ги погоди. Во постојан контакт сум со министрите и надлежните служби кои помагаат на погодените, истакна Моди.

Во меѓувреме шефот на британската дипломатија Дејвид Лами.

потврди дека во Индија и во Велика Британија се формирани тимови за одговор на кризи.

To top