Свет Брод

Во Австралија запленети рекордни 2,3 тони кокаин

Продажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на 494 милиони долари. 

Во Австралија запленети рекордни 2,3 тони кокаин

Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила рекордни 2,3 тони кокаин и уапсила 13 лица, откако брод со дрога се расипа во близина на брегот на Квинсленд.

Полицијата соопшти дека сите уапсени се австралиски државјани, а двајца од нив се помлади од 18 години и се соочуваат со доживотен затвор како максимална казна.

Продажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на 494 милиони долари. (МИА)

To top