Во американските воздушни напади врз Јемен загинаа 17 припадници на бунтовничката група Хути.
Американските сили на 8 февруари дека извршија уште една серија напади со беспилотни летала и крстосувачки ракети, лансирани од брод во Црвено Море, врз позициите на Хутите, кои контролираат големи делови од територијата на Јемен.
Еден ден претходно американската војска ги нападна и позициите на Хутите во близина на Иран.
Хутите во ноември објавија дека ќе таргетираат бродови во Црвено Море и Аденски Залив за кои веруваат дека се поврзани со Израел, како знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.
Нивните напади принудија многу сопственици на бродови да го прекинат минувањето низ таа зона, низ која вообичаено минува 12 отсто од светската трговија.
САД ги означи Хутите како терористи и во декември формираше мултинационална коалиција за заштита на поморскиот сообраќај. Бидејќи коалицијата досега не овозможи прекин на нападите на јеменските бунтовници, американските сили, поддржани од Велика Британија од средината на јануари извршија неколку напади врз цели на Хутите.
Од 2014 година, Хутите војуваат против Владата во Јемен, најсиромашната земја на Арапскиот Полуостров.