Свет

Во 2023 година во Италија биле убиени 120 жени

Во 2023 година во Италија биле убиени 120 жени

Во Италија во 2023 година се убиени 120 жени, се наведува во извештајот кој денеска го објави Управата за криминалистичка полиција, во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8 март.

Во извештајот се наведува дека половина од тој број, 64, биле убиени од нивните поранешни или сегашни партнери, пренесе АНСА. Се додава дека четвртина од убиствата ги извршиле деца на жртвите, поточно машко дете во 89 проценти од случаите.

Италијанската новинска агенција вели дека родовото насилство е голем проблем во Италија, по долгата серија фемициди, вклучувајќи го и убиството на 22-годишната студентка Џулија Чекетин, која беше убиена од нејзиното поранешно момче во злосторство што ја шокираше нацијата.

To top