Свет УЖАС

Владата на Хамас соопшти дека 12.000 Палестинци загинале во Појасот Газа

Министерството за здравство во Газа соопшти дека на улиците на северниот дел на Појасот Газа има десетици тела и дека е тешко да се избројат поради интензитетот на израелските напади.

Владата на Хамас вечерва соопшти дека 12.000 Палестинци се убиени во израелското бомбардирање на Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври.

Меѓу загинатите има околу 5.000 деца и 3.300 жени, а 30.000 се ранети.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека на улиците на северниот дел на Појасот Газа има десетици тела и дека е тешко да се избројат поради интензитетот на израелските напади.

Во меѓувреме, во Израел е објавено дека полициската истрага за нападот на Хамас на првиот ден од војната покажала дека на музичкиот фестивал биле убиени 364 луѓе, што е речиси една третина од сите жртви.

Претходно беше објавено дека на тој фестивал на отворено во близина на границата со Појасот Газа загинале 270 луѓе.

Израелските безбедносни сили проценуваат дека Хамас не знаел за музичкиот фестивал пред нападот.

На првиот ден од нападот, палестинските екстремисти ја пробија граничната ограда, навлегоа во јужна израелска територија и со поддршка на ракетен оган убија повеќе од 1.200 луѓе во јужен Израел, главно цивили, и киднапираа околу 240 заложници кои ги однесоа во Појасот Газа. (МИА)

To top