Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека неговата влада нема да ги репатрира Австралијците што престојуваат во сириски камп, во кој се сместени семејства на осомничени милитанти на Исламската држава.
„Имаме многу цврст став дека нема да им обезбедиме помош или репатријација“, изјави Албанезе за „Еј-би-си њуз“ (ABC News).
„Тоа се луѓе што отидоа во странство за да ја поддржат Исламската држава и отидоа таму за да ги поддржат оние што во основа сакаат калифат“.
Група од 34 Австралијанци, вклучувајќи 11 жени и 23 деца, вчера го напуштија кампот во североисточна Сирија со намера да отпатуваат за Австралија преку Дамаск.
Еј-би-си објави дека тие биле вратени во притворскиот центар од технички причини. Не е познато дали семејствата ќе се обидат повторно да патуваат во Австралија во наредните денови.