Свет

Високиот комесаријат на ОН за човекови права повика да се поништи пресудата за Џими Лаи

Високиот комесаријат на ОН за човекови права повика денеска да се поништи пресудата за медиумскиот магнат од Хонг Конг, Џими Лаи, и тој да биде ослободен.

Високиот комесаријат на ОН за човекови права повика да се поништи пресудата за Џими Лаи

Високиот комесаријат на ОН за човекови права повика денеска да се поништи пресудата за медиумскиот магнат од Хонг Конг, Џими Лаи, и тој да биде ослободен.

„Оваа казна мора веднаш да се поништи, бидејќи е некомпатибилна со меѓународното право“, изјави високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Фолкер Тирк , откако Лаи беше осуден на 20 години затвор.

Судењето на Лаи, по обвиненија поднесени според законот за национална безбедност, привлече меѓународно внимание во услови на растечко ограничување на слободите во Хонг Конг од страна на Пекинг, забележуваат светските агенции.

Казната на 78-годишниот истакнат застапник за демократија дојде откако Лаи беше прогласен за виновен во декември за заговор за соработка со странски сили и соучество со други во објавување провокативни статии, потсетуваат агенциите.

Другите обвинети кои се изјаснија за виновни во случајот поврзан со соработка со странски сили добија казни од шест години и три месеци до 10 години затвор. Некои странски влади и групи за човекови права повикаа на ослободување на Лаи, кој е британски државјанин.

Сепак, кинеското Министерство за надворешни работи тврди дека Лаи е кинески државјанин и ги повика другите земји да го почитуваат суверенитетот на Кина и владеењето на правото во Хонг Конг.

To top