Свет Турски медиуми

Висок американски дипломат во дводневна посета на Турција на разговори за Сирија

Стејт департментот објави и дека Бас се очекува да разговара за ситуацијата во Сирија на средби со високи турски претставници, јавуваат турските медиуми.

Висок американски дипломат во дводневна посета на Турција на разговори за Сирија

Американскиот заменик-државен секретар Џон Бас денеска пристигнува во дводневна посета на Анкара, објавија турските медиуми.

За време на посетата на Бас на Турција се очекува да се разговара за најновите случувања во Сирија и операциите против ДАЕШ („Исламска држава“) и ПКК/СЗН (Работничка партија на Курдистан/Сили за народна заштита).

Џон Бас беше амбасадор на САД во Турција од 2014 до 2017 година.

Стејт департментот објави и дека Бас се очекува да разговара за ситуацијата во Сирија на средби со високи турски претставници, јавуваат турските медиуми.

Бас се очекува да ја нагласи важноста на „мирна, инклузивна политичка транзиција предводена од Сирија“ во согласност со резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, се вели во соопштението на Стејт департментот.

На разговорите ќе се разговара и за спречување на Сирија да се користи како „база за тероризам“ и за обезбедување на „траен пораз на терористичката група ДАЕШ (Исламска држава). (МИА)

To top