Свет ИЗИМ ЗА АЗИЛ = ЕКСИК ВЛАДА

Вилдерс ја „бутна“ ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА

„Нема потпис за нашите планови за азил. Нема корекција на рамковниот договор. Партијата на слободата ја напушта коалицијата“, напиша Вилдерс на социјалната мрежа „Икс“.

Вилдерс ја „бутна“ ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА

Лидерот на холандската Партија на слободата, Герт Вилдерс, се повлече од владината коалиција, со што ја урна владата во Холандија. Ова го соопштија лидерите на останатите коалициски партии по кратка консултација со Вилдерс.

„Нема потпис за нашите планови за азил. Нема корекција на рамковниот договор. Партијата на слободата ја напушта коалицијата“, напиша Вилдерс на социјалната мрежа „Икс“.

Останатите коалициски партнери – Народната партија за слобода и демократија (НПСД), Новиот општествен договор (НОД) и Земјоделско-граѓанското движење (ФГД) – остро реагираа на потегот на Вилдерс. Лидерот на ФГД, Каролин ван дер Плас, го нарече „неодговорен чин на политичко самоубиство“, додека Николин ван Вронховен од НОД го оцени напуштањето како „целосно неодговорно“. Дилан Јешилгоз од НПСД изјави дека е „исклучително лута“.

Иднината на десничарската влада, предводена од независниот премиер Дик Схоф, беше неизвесна уште по итниот состанок на лидерите на коалицијата во понеделникот вечерта, кога се разговараше за политиката за азил. Тогаш Вилдерс изрази песимизам за опстанокот на коалицијата, која е на власт помалку од една година.

To top