Босфорскиот теснец, кој го поврзува Црното Море со Средоземното Море, е затворен за бродови откако товарен брод од Украина се насука, соопштија турските власти за ДПА.
„Брод по име Алексис превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Се случи дефект на моторот во близина на излезот од пловниот пат“, изјави за ДПА портпаролот на Управата за крајбрежна безбедност.
🇹🇷🇺🇦🇷🇺In the Bosphorus, due to a malfunction of the equipment, a ship that was going from Ukraine to Egypt ran aground#Ukraine #UkraineWar #UkraineRussiaWar #Russia pic.twitter.com/MiJ1PfZwwD
— Authentic World Updates (@worldupdates245) May 7, 2024
Спасувачките напори се веќе во тек, додаде изворот.
Босфорот е прометен канал и служи како излез за украинското жито на светските пазари во екот на руската инвазија.
Речиси 40.000 бродови поминале низ Босфорот во 2023 година, според турското Министерство за транспорт.