Свет Виа Виторио Венето

(ВИДЕО) Трамвај излета од шините и удри во зграда во Милано: Загина пешак, речиси 40 повредени

Засега не е јасно што предизвикало трамвајот да излета од шините, но медиумите шпекулираат дека возилото можеби пребрзо влегло во остра кривина.

(ВИДЕО) Трамвај излета од шините и удри во зграда во Милано: Загина пешак, речиси 40 повредени

Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина најмалку едно лице, а 40 се повредени, некои сериозно. Несреќата се случила околу 16:00 часот денес, кога трамвајот излетал од шините на Виа Виторио Венето во северниот дел на градот, пишува Би-Би-Си.

Според првите информации, преполниот трамвај удрил странично во зградата. Се верува дека загинатиот е пешак, додека повеќето од повредените се патници од возилото. Бројни екипи за итни случаи пристигнале на местото на настанот, а има и извештаи за луѓе заробени во урнатините. Припадници на цивилната заштита поставиле шатор за да им пружат помош на жртвите.

Патниците опишале како, непосредно пред несреќата, слушнале бучава под трамвајот, по што возилото скршнало, забрзало и се удрило во зградата.

„Мислев дека е земјотрес. Седев и одеднаш паднав на подот, како и другите патници“, изјавил еден маж за новинската агенција Анса. „Беше ужасно“.

„Само што слушнав ужасен тресок“, изјави за АФП 27-годишната Ана, која била во блиската канцеларија. „Видов како дел од трамвајот влегува во продавницата“.

Засега не е јасно што предизвикало трамвајот да излета од шините, но медиумите шпекулираат дека возилото можеби пребрзо влегло во остра кривина. На местото на несреќата пристигнале и градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, и други градски службеници.

Најнови вести од Свет

To top