Свет на сила е жолт аларм

ВИДЕО: Се активираше вулканот Попокатепетл, исфрла пепел на височина од над 6 километри

Националниот центар за превенција од катастрофи информира дека вулканот исфрла жешка пареа, вулкански гасови и пепел и дека на сила е жолт аларм, што значи зголемена активност, пренесоа мексиканските медиуми.

ВИДЕО: Се активираше вулканот Попокатепетл, исфрла пепел на височина од над 6 километри

Вулканот Попокатепетл во мексиканската држава Пуебла почна да исфрла пепел, а мексиканските власти ги предупредија луѓето да се држат понастрана од областа.

Националниот центар за превенција од катастрофи информира дека вулканот исфрла жешка пареа, вулкански гасови и пепел и дека на сила е жолт аларм, што значи зголемена активност, пренесоа мексиканските медиуми.

Вулканот вчера исфрлаше пепел на височина од над 6.000 метри.

Мексиканската Агенција за управување со вонредни состојби соопшти дека облакот од вулканска пепел се очекува да се движи југозападно и нема да се упати кон Мексико Сити.

Првичните активности вулканот ги покажа во петокот.

Попокатепетл, познат и како Ел Попо, се наоѓа во централно Мексико. Висок е 5.426 метри и е вториот највисок вулкан во Северна Америка. Античките Ацтеки му го дале името Попокатепетл, што во превод значи – „планина која пуши“.

To top