Американската полиција објави дека пукале во предизборната канцеларија на американската потпретседателка и кандидат на демократите Камала Харис во Аризона, само една недела по вториот обид за атентат врз Доналд Трамп.
Штетата предизвикана од неколку истрели од огнено оружје е откриена во канцеларијата на Демократскиот национален комитет во населбата Темпи во градот Феникс, соопшти локалната полиција, а пренесува „Њујорк пост“.
„Никој не беше во канцелариите во текот на ноќта, но тоа предизвикува загриженост за безбедноста на оние кои работат во таа зграда, како и на оние кои се во близина“, изјави полицискиот претставник Раџан Кук.
Тој потврди дека полициските инспектори ги анализираат доказите собрани на местото на настанот, како и дека се преземени дополнителни мерки за подобрување на безбедноста на персоналот и другите луѓе кои работат и живеат на тој простор.
Shots fired into Kamala Harris Arizona campaign office pic.twitter.com/9Vxpxx9Y0S
— Breaking News (@TheNewsTrending) September 25, 2024
Според него, засега никој не е уапсен во врска со овој инцидент, но властите ги истражуваат сите можни мотиви.
Инцидентот уследи по вториот обид за атентат врз Трамп на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич на 15 септември.
Камала Харис закажа посета на Аризона како дел од нејзината кампања за петок, а тоа треба да биде нејзина втора посета на оваа важна американска држава откако беше номинирана за кандидат за претседателските избори на Демократската национална конвенција во август.