Свет земјата со најмногу вулкани во Европа

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Телевизиските снимки покажуваат како жешка лава еруптира со обрачи чад што се издигнуваат од пукнатината.

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Новата вулканска ерупција, која започна утринава на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, е трета во регионот од 18 декември.

Телевизиските снимки покажуваат како жешка лава еруптира со обрачи чад што се издигнуваат од пукнатината.

„Во 5:30 утринава имаше мал земјотрес во североисточниот дел на Силингарфел, а околу 30 минути подоцна започна ерупција во истата зона“, соопшти Исландската метеоролошка служба (ИМО).

Според првите извештаи од надзорните летови на крајбрежната стража, ерупцијата се случила во истата зона како онаа на 18 декември, соопшти ИМО, додавајќи дека пукнатината е долга околу три километри.

Службата во својот најнов извештај посочи дека наскоро се очекува нова ерупција.

Ова е шеста вулканска ерупција на Исланд во последните две години, при што претходната беше утрото на 14 јануари во близина на Гридавик, мало гратче со околу 4.000 жители. Гриндавик беше евакуиран претходно, уште на 11 ноември, како мерка на претпазливост.

Се смета дека Исланд, земјата со најмногу вулкани во Европа, има 31 активен вулкански систем.

To top