Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека Киев ќе одговори на серијата нови руски напади во текот на изминатата ноќ, во кои загинаа најмалку четири, а 16 лица беа повредени.
-Русија гаѓаше над 90 цели во нападите врз цивили и инфраструктура, рече Зеленски, пренесува Би-Би-Си.
„Несомнено ќе и одговориме на Русија за овој и за сите други напади. Злосторствата против човештвото не можат да останат неказнети“, рече Зеленски на социјалните мрежи.
Тој додаде дека во тек се спасувачки операции во нападнатите региони, пренесоа украинските медиуми.
Зеленски изјави дека руските сили во нападите употребиле 81 дрон од типот „Шахед“, како и крстаречки, балистички и аеробалистички ракети.
Rescue operations are ongoing at the sites of strikes and falling debris in the regions of Ukraine that were attacked by Russia last night. All services are on the ground, and the rubble is being cleared.
Unfortunately, despite the effective work of our air defense, 4 people… pic.twitter.com/IJ6uQx6mpy
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 27, 2024