Израелски проектили го погодија сирискиот град Хомс, објавија сириските државни медиуми, а локални извори велат дека нападите биле насочени кон неколку пунктови на сириската армија и воздушна база во областа.
Сириската противвоздушна одбрана собори неколку проектили, објавија државните медиуми, без да наведат детали за погодените цели.
Israel with a massive strike on Homs, Syria – the country’s third largest city. Israel’s aggression knows no bounds. Why is the Zionist Entity striking Syria? #Homs #SaveHoms #Syria pic.twitter.com/W5dU8RGRcA
— Khaled Sasa (@khaledsasa_) February 6, 2024
Според извори на сириското воено разузнавање, нападите биле насочени кон воздухопловната база Шујрат и неколку локации во предградијата на Хомс.
Израел со години изведува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, каде што влијанието на Техеран се зголеми откако почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што започна во 2011 година.
Борците во сојуз со Иран, вклучително и Хезболах, сега контролираат огромни делови од источна, јужна и северозападна Сирија и неколку предградија околу главниот град.