Свет Министерство за транспорт

Велика Британија објави акционен план за беспилотни летачки такси-услуги

-Современата технологија „на батерии“ ќе го унапреди превозот каков што го знаеме, а овој план ќе обезбеди и инфраструктура и регулативи за да ја постигнеме таа реалност. Министерството се обидува да ја направи В Британија пионер на промените во превозот, подобар животот на луѓето и посилно стопанството, изјави Браун.

Велика Британија објави акционен план за беспилотни летачки такси-услуги

Министерството за транспорт на Велика Британија го објави својот Акционен план за иднината на воздушниот сообраќај, којшто вклучува и летови со беспилотни такси-летала до 2030 година. Се предвидува, исто така, редовна употреба на беспилотни летала за борба против криминалот и обезбедување итна помош.

Mинистерот за авијација и технологија, Ентони Браун истакна оти се предвидува усвојување технологија „на границата на доменот на научната фантастика“, којашто треба да ја зајакне економијата на земјата за 45 милијарди фунти до крајот на ова десетлетие.

-Современата технологија „на батерии“ ќе го унапреди превозот каков што го знаеме, а овој план ќе обезбеди и инфраструктура и регулативи за да ја постигнеме таа реалност. Министерството се обидува да ја направи В Британија пионер на промените во превозот, подобар животот на луѓето и посилно стопанството, изјави Браун.

Давателот на услуги со беспилотни летала, „Скајферер“, во соработка со неколку универзитетски болници ќе ги тестира беспилотните летала и за испорака на брза помош до критично место. Според предвидувањата, тоа би го намалило времето за испорака на итна помош до 70 отсто.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс лани во ноември претстави сличен план и за својот американски мегалополис. Тој предвидува електричните такси-летала да почнат да се користат до 2026 година за превоз на луѓе од аеродромите до градот и обратно.  (МИА)

To top