Од почетокот на конфликтот во Појасот Газа, 22.600 луѓе загинаа во израелските воени операции, соопшти Министерството за здравство во палестинската енклава со која владее Хамас.
Во изминатите 24 часа загинале 162 лица, соопшти Министерството, додавајќи дека од почетокот на конфликтот се ранети 57.910 лица.
Претходно беше објавено дека жени и деца сочинуваат повеќе од две третини од жртвите.
Во Израел загинаа околу 1.200 луѓе, повеќето цивили, а повеќето беа убиени на 7 октомври во нападите на палестинските екстремисти од Газа на јужната израелска територија. (МИА)