Стара станбена зграда се урна во либанскиот град Триполи, а спасувачите се на терен и бараат луѓе закопани во урнатините.
Според либанските медиуми, спасувачите успеале да извлечат три лица живи во соработка со жителите.
Пожарникарите гаснат пожар што избувнал во близина на урнатините на петкатна зграда.
Тие, исто така, објавија дека во близина на срушената зграда се слушнале силни истрели од непознато потекло. (МИА)