Свет војна

Уште еден израелски напад ќе доведе до нова хуманитарна катастрофа, вели кралот на Јордан

Јорданскиот крал Абдула изјави дека не може да се дозволи израелски напад врз Рафа, велејќи дека тоа ќе доведе до „уште една хуманитарна катастрофа“.

„Ситуацијата е веќе неподнослива за повеќе од милион луѓе кои побегнаа во Рафа од почетокот на војната. Не можеме да стоиме на страна и да дозволиме ова да продолжи“, рече Абдула на заедничката конференција со американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој нагласи дека сега е потребен траен прекин на огнот и дека „оваа војна мора да заврши“.

„Околу 100.000 луѓе беа убиени, повредени или исчезнати. Повеќето се жени и деца“, изјави јорданскиот крал.

Тој повика на континуирана финансиска поддршка за Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA), која беше суспендирана од САД и неколку други земји поради обвинувањата дека 12 нејзини вработени учествувале во терористичкиот напад на Израел на 7 октомври.

„Ниту една друга агенција на ОН не може да го направи она што УНРВА го прави за да им помогне на луѓето во Газа да ја надминат оваа хуманитарна криза“, рече Абдула.

To top