Свет Цела генерација на деца е трауматизирана

УНРВА: Ова е најголемото раселување на Палестинците од 1948 година

Aгенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) денеска соопшти дека војната меѓу Израел и Хамас, која започна на 7 октомври, доведе до најголемото раселување на палестинскиот народ од 1948 година.

УНРВА: Ова е најголемото раселување на Палестинците од 1948 година

„Ова е најголемото раселување на палестинскиот народ од 1948 година. Цела генерација на деца е трауматизирана, илјадници се убиени, осакатени и останаа сираци“, се вели во објавата на UNRWA на социјалната мрежа X.

Во 1948 година, „накба“, позната и како „палестинска катастрофа“, се случи кога израелските трупи го окупираа Западниот Брег и Појасот Газа, проследено со прогон и раселување на Палестинците низ Блискиот Исток.

Најнови вести од Свет

To top