Свет Одговорност

Хамас: Американската воена помош за Израел е зелено светло за напад врз Палестинците

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван, вреден 95 милијарди долари, како и за евентуална забрана на ТикТок во САД.

Хамас: Американската воена помош за Израел е зелено светло за напад врз Палестинците

Палестинското исламистичко движење Хамас денеска оцени дека Вашингтон со одобрувањето на воената помош од 13 милијарди долари му дала на Израел „зелено светло за продолжување на агресијата врз Палестинците“.

Американската влада „сноси политичка, правна и морална одговорност за воените злосторства“ што Израел ги изврши против Палестинците „преку својата воена помош, која го крши меѓународното право и претставува „бланко чек“ и зелено светло за продолжување на бруталната агресија против нашиот народ“, се наведува во соопштението на Хамас, пренесува Бета.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван, вреден 95 милијарди долари, како и за евентуална забрана на ТикТок во САД. (МИА)

To top