„Континуираното израелско бомбардирање на Појасот Газа и наметнатите ограничувања за пристап до хуманитарна помош ја попречуваат способноста на УНРВА да пружи помош“, се наведува во објавата на УНРВА на платформата Х.
Од избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври, во Газа се убиени над 18.600 Палестинци, додека повеќе од 50.000 се повредени, наведува Министерството за здравство на Газа, кое е под целосна контрола на Хамас.