Свет неможност да се допре до децата

УНИЦЕФ: Во Либан 20 проценти од населението е раселено поради војна, речиси 19.000 деца се раселуваат дневно

Во некои делови од Либан бомбардирањето го направи пристапот до чиста вода невозможен бидејќи резервоарите и пумпните станици се уништени, според УНИЦЕФ.

УНИЦЕФ: Во Либан 20 проценти од населението е раселено поради војна, речиси 19.000 деца се раселуваат дневно

Војната во Либан расели 20 проценти од населението за само три недели, а просечно 19.000 деца се принудени да ги напуштат своите домови секој ден – изјави денеска претставникот на УНИЦЕФ во Либан, Марколуиџи Корси.

Тој за Си-ен-ен изјави дека еден од предизвиците со кои се соочува УНИЦЕФ во Либан е неможноста да се допре до децата, особено на југот од земјата, откако израелските воздушни напади уништија неколку мостови.

„Друг предизвик е обидот да се поддржат децата што сега живеат во привремени засолништа, од кои многумина се постојано раселени и постојано трауматизирани“, рече Корси.

Организациите во Либан, како што е УНИЦЕФ, сега обезбедуваат основни услуги, како што се вакцинација на деца, медицинска грижа и центри за учење, а училиштата остануваат затворени.

Во некои делови од Либан бомбардирањето го направи пристапот до чиста вода невозможен бидејќи резервоарите и пумпните станици се уништени, според УНИЦЕФ.

УНИЦЕФ истакнува дека во Либан се оштетени и мостови и санитарните системи.

To top