Свет Во последните два месеца

УНИЦЕФ: Во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени

УНИЦЕФ: Во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени

Повеќе од 200 деца се убиени, а 1.100 се повредени во Либан во последните два месеци, изјави денеска портпаролот на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Џејмс Елдер.

„Бројот од над 200 (убиени деца) е (евидентиран) само во последните два месеци. Најмалку 231 (дете) се (убиени) од почетокот на војната минатата година“, рече Елдер на прес-конференција во Женева како одговор на новинарско прашање за жртвите.

Тој не коментираше кој е одговорен за убиствата, велејќи дека тоа му е јасно на секој кој ги следи медиумите.

Најнови вести од Свет

To top