Свет Детскиот фонд на Обединетите наци

УНИЦЕФ повикува на отворање на граничните премини во Газа за испорака на храна,

Од организацијата предупредуваат на можно зголемување на смртните случаи кај деца.

УНИЦЕФ повикува на отворање на граничните премини во Газа за испорака на храна,

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска повика на отворање на сите гранични премини за испорака на помош во храна во воено разорениот Појас Газа, велејќи дека смртните случаи кај децата би можеле да се зголемат бидејќи нивниот имунолошки систем е сериозно ослабен.

-Ситуацијата е критична. Ризикуваме да бидеме сведоци на огромен пораст на смртноста кај децата, не само кај новороденчињата, туку и кај доенчињата, бидејќи нивниот имунолошки систем е покомпромитиран од кога било, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Рикардо Пирес, на прес-конференција во Женева.

Претходно денеска, израелските трупи почнаа да се повлекуваат од делови од палестинската територија според договорот за прекин на огнот со палестинската група Хамас, спроведувајќи ја првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на повеќе од двегодишната војна.

Обединетите нации планираат да ги зголемат испораките на хуманитарна помош во Појасот Газа, каде што во делови беснее масовно гладување, во текот на првите 60 дена од прекинот на огнот во енклавата, изјави вчера висок функционер на ОН.

Поддршката со храна е врвен приоритет, соопшти УНИЦЕФ, со оглед на тоа што 50.000 деца се изложени на ризик од акутна неухранетост и имаат потреба од итен третман.

Пирес рече дека имунитетот на децата е слаб затоа што „тие не јадат правилно, а неодамна воопшто не јаделе многу долго време“. „На децата им се потребни вистинските витамини и хранливи материи за да се развијат и да можат да се справат со промените на температурата или вирусните епидемии“, додаде тој.

Претходно денеска, УНИЦЕФ евакуираше две од 18 новороденчиња од болница во северниот дел на Појасот Газа за да бидат повторно обединети со нивните родители на југ. Обидот за преместување на две од бебињата беше прекинат вчера поради тековната израелска воена операција во градот, но децата сега се со своите родители.

-На почетокот на неделата имавме 18 бебиња во инкубатори. Две од нив беа преместени вчера, рече Пирес, додавајќи дека останатите чекаат дозвола од израелските безбедносни служби. „Се надевам дека ова е само пример за тоа што ќе следи по целосното спроведување на прекинот на огнот“, нагласи тој.

To top