Агенцијата на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ) соопшти дека бројот на неухранети деца во Појасот Газа сè уште е голем и покрај примирјето.
– Од октомврискиот прекин на огнот, кој требаше да овозможи значително зголемување на хуманитарната помош, илјадници деца беа примени на лекување од акутна неухранетост во Појасот Газа, соопшти агенцијата на ОН за деца.
УНИЦЕФ потсетува дека во октомври, откако стапи во сила првата фаза од договорот за ставање крај на двегодишната војна меѓу Израел и Хамас, 9.300 деца биле лекувани од тешка акутна неухранетост.