Свет иселување од загрозените области

УНХЦР повика на итна деескалација на сè поинтензивниот конфликт меѓу Израел и Иран

Се нагласува дека има пријавено движење на населението од Техеран и други делови на Иран во насока на граничните премини кон други земји.

УНХЦР повика на итна деескалација на сè поинтензивниот конфликт меѓу Израел и Иран

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) денеска повика на итна деескалација на сè поинтензивниот конфликт меѓу Израел и Иран, наведувајќи дека војната веќе го принудува локалното население во двете земји да се иселува од загрозените области.

„УНХЦР се придружува на генералниот секретар на ОН и другите лидери во повикот за итна деескалација на сè поинтензивниот конфликт меѓу Израел и Иран. Интензитетот на нападите веќе предизвикува движење на населението во двете земји“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на УНХЦР.

Се нагласува дека има пријавено движење на населението од Техеран и други делови на Иран во насока на граничните премини кон други земји.

To top