Свет

Унгарската полиција ги истражува бомбашките закани во над 240 училишта

Гујаш рече дека денеска премиерот Орбан имал повеќе консултации за случајот со министерот за внатрешни работи и со министерот без ресор одговорен за разузнавачките служби.

Унгарската полиција ги истражува бомбашките закани во над 240 училишта

Унгарската полиција денеска објави дека ги истражува заканите за бомби добиени во повеќе од 240 училишта ширум земјата, од кои на некои наставата е откажана.

Заканите упатени во електронска пошта биле со ист текст и најверојатно испратени од исто лице, се објаснува во полициското соопштение. Нејзините вработени ги посетија сите училишта споменати во заканите.

Во ниту една од проверените згради не се пронајдени бомби или експлозивни направи, соопшти полицијата.

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергеј Гујаш денеска изјави дека „образовниот процес во повеќето училишта во земјата се одвива без проблеми“ и дека секоја училишна управа може да избере дали ќе има настава.

Гујаш рече дека денеска премиерот Орбан имал повеќе консултации за случајот со министерот за внатрешни работи и со министерот без ресор одговорен за разузнавачките служби.

-Имејлите беа испратени од многу електронски пошти, „вклучувајќи и странски“, додаде тој.

Гујаш истакна дека унгарските тајни служби стапиле во контакт со своите колеги во соседна Словачка, каде минатата година имаше слична серија закани. (МИА)

To top