Унгарската Влада ќе воведе нови ограничувања за увоз на земјоделски производи од Украина, најави денеска министерот за земјоделство Иштван Наѓ.
Тоа е потег осмислен да ги заштити унгарските земјоделци од нарушувања на пазарот предизвикани од поевтините земјоделски производи од Украина.
Наѓ на прес-конференција рече дека одлуката на Европската унија (ЕУ) во 2022 година да дозволи увоз без царина од Украина, со цел да и помогне на украинската економија да се одржи по руската инвазија, доведе до „сериозен вишок залихи и значително пониски цени“ на европскиот земјоделски пазар.
Тој ги обвини ЕУ и Европската комисија дека не ги заштитиле европските земјоделци кои не можат да се натпреваруваат со евтиниот увоз. Тој најави дека Унгарија ќе воведе дополнителни мерки за заштита во рамките на своите национални надлежности.
„Брисел и Европската комисија ги предадоа унгарските земјоделци и наместо тоа ги поддржуваат украинските олигарси“, рече Наѓ.