Свет ГУР

Украинското воено разузнавање извести за експлозија на нафтовод во руската област Ростов за пренос на нафтени деривати на танкери

-Во раните утрински часови денеска, во областа на градот Азов (Ростовска област), како резултат на експлозијата на нафтоводот што се користи за транспорт на нафтени продукти од локалниот нафтен терминал до танкери на пристаништето Азов, товарењето на танкери беше суспендирано на неодредено време, нагласуваат од украинското воено разузнавање.

Главната разузнавачка управа (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина извести дека нафтоводот што Русија го користи за пренос на нафтени деривати на танкери за воени цели, е кренат во воздух во руската област Ростовска, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на прес-службата на ГУР.

-Во раните утрински часови денеска, во областа на градот Азов (Ростовска област), како резултат на експлозијата на нафтоводот што се користи за транспорт на нафтени продукти од локалниот нафтен терминал до танкери на пристаништето Азов, товарењето на танкери беше суспендирано на неодредено време, нагласуваат од украинското воено разузнавање.

Русија ја искористи оваа инфраструктура за воени цели за поддршка на воените напори против Украина, се вели во соопштението.

Најнови вести од Свет

To top