Свет бродот превезувал беспилотни летала Шахед

Украинско воздухопловство: Уништивме руски десантен брод во Црното Море (ВИДЕО)

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека уништиле брод на руската морнарица во Црното Море за кој се сомнева дека носел ирански беспилотни летала користени од Москва во војната во Украина.

Украинско воздухопловство: Уништивме руски десантен брод во Црното Море (ВИДЕО)

„Големиот десантен брод Новочеркаск“ е уништен, објави военото воздухопловство на Телеграм.

Се верува дека бродот превезувал беспилотни летала Шахед од иранско производство, кои Русија интензивно ги користи во нападите врз Украина.

Командантот на воздухопловните сили Никола Олешук објави видео на кое се гледа експлозија во руската поморска база Феодосија на Крим.

Руските власти потврдија дека имало напад врз таа база.

To top