Најмалку две лица загинаа во рускиот град Белгород во ракетен напад на Украина, јавуваат денеска руските медиуми.
Во нападот е оштетен трговскиот центар, како и автомобили паркирани во близина.
Според Министерството за одбрана, Украина го нападнала регионот Белгород со ракети MLRS RM-70 Vampire.
Руската воздушна одбрана собори 14 гранати. Гранатирањето се случило околу 12:30 часот по московско време. (МИА)