Украинските разузнавачки и специјални сили разнесоа железничка пруга во руската област Белгород, исфрлајќи од шините товарен воз, објави Бабел, повикувајќи се на извор од военото разузнавање.
Еден ден претходно руските власти тврдеа дека локомотивата и 11 вагони на товарниот воз излетале од шините на потегот Нови Оскол-Волоконовка. Рускиот истражен комитет го окарактеризира инцидентот како „терористички напад“ и отвори кривична постапка.
„Парализирана е делницата од пругата Стари Оскол-Валујки“, пренесува Киев Индипендент, кој контактирал со Украинската воена разузнавачка служба (ХУР), но не добил одговор за оваа операција.
„Возот излета од шините поради експлозија“, напиша на 11 септември рускиот канал на социјлната платформа Телеграм, познат како База. (МИА)