Две деца и една жена се ранети денеска во селото Нечаевка во руската област Белгород како последица на напад на украински дрон ФПВ, објави на Телеграм гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.
-Во областа Белгород, во селото Нечаевка, две деца и една жена се повредени во напад со дрон ФПВ. Сите се во болница и ја добиваат потребната помош, напиша Гладков.
Во видеото кое го прикачи на соопштението, гувернерот на регионот вели дека „непријателот нема ништо човечко во себе“. (МИА)