Свет Министерството за енергетика

Украина се соочува со голем руски напад врз енергетскиот сектор

Украина се соочува со голем руски напад врз енергетскиот сектор

Русија извршува од утрото голем напад од воздух врз региони во Украина користејќи проектили и беспилотни летала.

„Непријателот продолжува со својот терор. Уште еднаш, енергетскиот сектор низ Украина е под масовен напад“, објави министерот за енергетика Херман Халушченко.

ПВО е активна во Киевската област, соопшти регионалната администрација. Експлозии се регистррирани и во областите Одеса, Виница, Лавов, Ивано-Франковск и Черкаси.

Последиците од нападот се утврдуваат бидејќи нападите се уште траат.  Руските сили пукаат со крстосувачки ракети, балистички ракети и балистички ракети Кинжал, лансирани од воздух, објави украинското Военото воздухопловство.  (МИА)

To top