Свет Обвинителство

Украина презентираше докази дека Русија истрелала севернокорејски ракети кон градот Харков

Прес-секретарот на канцеларијата на регионалното обвинителство во Харков, Дмитро Чубенко, рече дека предметната ракета, една од неколкуте испукани во Харков на 2 јануари, е различна по тип и дизајн од руските модели.

Украина презентираше докази дека Русија истрелала севернокорејски ракети кон градот Харков

Обвинителството на украинската област Харков денеска презентираше нови докази дека Русија ја нападнала Украина со проектили доставени од Северна Кореја.

Високиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак, вчера ја потврди информацијата на САД дека за прв пат од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, Москва неделава употребила севернокорејски балистички ракети за да ја нападне Украина.

Прес-секретарот на канцеларијата на регионалното обвинителство во Харков, Дмитро Чубенко, рече дека предметната ракета, една од неколкуте испукани во Харков на 2 јануари, е различна по тип и дизајн од руските модели.

Русија оваа недела го нападна северниот град Харков, втор по големина во Украина – со неколку ракети, при што загинаа двајца и беа повредени повеќе од 60 луѓе во еден од нејзините најмасовни ракетни и беспилотни напади од почетокот на инвазијата на соседната земја пред речиси две години. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top