Свет командант на баталјонот Шати

Убиен командант на Хамас, тврди израелската армија

На прес-конференција, портпаролот на израелските одбранбени сили, Даниел Хагари, рече дека командантот е одговорен за извршување на рации на израелска територија во нападот на 7 октомври.Израелската војска објавила дека ги проширила своите копнени операции на југ од Појасот Газа, како и дека дејствува во сите делови на палестинската енклава.

Израелската армија го убила командантот на баталјонот Шати на Хамас во воздушен напад во неделата, соопштија израелските одбранбени сили, а пренесува Си-ен-ен.

На прес-конференција, портпаролот на израелските одбранбени сили, Даниел Хагари, рече дека командантот е одговорен за извршување на рации на израелска територија во нападот на 7 октомври.

„Борбен авион на Израелската војска го погоди и го уби Хајтам Хуваџари, командант на баталјонот Шати на Хамас. Под негова команда, терористите на Хамас извршија рации на израелска територија на 7 октомври за време на инвазијата и масакрот во јужен Израел,

се вели во заедничката изјава на Израелската војска и Израелската безбедносна агенција.
Во соопштението, исто така, се вели дека Хуваџари командувал со силите на Хамас кои се бореле против војниците на Израелската војска во областа Шати.

Израел продолжува со бомбардирање на Газа, САД повикува на заштита на цивилите

Израел ја презеде контролата врз бегалскиот камп „Ал Шати“ лоциран во северниот дел на Појасот Газа во средината на ноември.

Израелската војска вели дека ќе продолжи да ја следи состојбата и ќе го елиминира секој кој командува со областите кои се под нивна контрола.

Најнови вести од Свет

To top