Свет

Уапсен началникот на Главната управа за комуникации и заменик-началник на ГШ на руската армија

Генерал-полковник Вадим Шамарин, началник на Главната управа за комуникации и заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили Валериј Герасимов е уапсен во Русија. Тој е осомничен за примање поткуп од големи размери, пренесоа руските медиуми.

„Комерсант“ пишува дека куќата на Шамарин била претресена, а потоа бил одведен на распит. Ова е четврто апсење на висок функционер во руската одбрана од април, кога заменик-министерот за одбрана Тимур Иванов беше ставен во истражен затвор поради сомнение за примање поткуп.

Оттогаш, уапсени се и генерал-полковник Јуриј Кузњецов, шеф на персоналот во Министерството за одбрана и генерал-мајор Иван Попов, поранешен командант на руската 58-ма армија. Апсењата доаѓаат во време на големи промени во одбранбениот естаблишмент на Русија, откако претседателот Владимир Путин го разреши Сергеј Шојгу од функцијата министер претходно овој месец, заменувајќи го со Андреј Белоусов.

Во 2020 година беше уапсен Халил Арсланов, претходникот на Шамарин на позицијата началник на Главната управа за комуникации. Тогаш Арсланов беше обвинет за проневера на 6,7 милијарди рубљи. Стануваше збор за набавка на телекомуникациска опрема по напумпани цени.

To top