Полицијата во градот Џупитер во американската сојузна држава Флорида уапси маж од Флорида кој е обвинет дека преку социјалните мрежи им се заканувал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и на неговиот кандидат за потпретседател, сенаторот од Охајо, Џеј Ди Венс, објавија денеска американските медиуми.
Според полицијата, уапсен е Мајкл В. Вајсман, кој беше обвинет за упатување закани за убиство, пренесува Си-Би-Ес Њуз.
„Тој не даде отпор при апсењето и подоцна беше одведен во затворот во Палм Бич“, изјави полицискиот службеник Дон Хенеси.
Градот Џупитер е 32 километри од резиденцијата на Трамп, Мар-а-Лаго во Палм Бич. Како што е наведено, Вајсман постојано преку Фејсбук им се заканувал на Трамп, Венс и нивните семејства.