Свет Полска

Туск: Полска нема да испрати трупи во Иран

Според него, централен елемент на полската стратегија е обезбедување на Балтичкото Море.

Туск: Полска нема да испрати трупи во Иран

Премиерот на Полска, Доналд Туск, денеска изјави дека Варшава нема да испрати трупи во Иран бидејќи судирот не влијае директно на нејзината безбедност.

– Владата на Полска не планира никаква експедиција во Иран и тоа не предизвикува никакви сомнежи кај нашите сојузници – посочи Туск додавајќи оти тоа се важни копнени, воздушни и поморски воени сили.

Според него, централен елемент на полската стратегија е обезбедување на Балтичкото Море.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика сојузниците да помогнат во обезбедување на Ормуската Теснина, покрај Полска, и други американски сојузници – Германија, Шпанија и Италија – соопштија дека нема да испратат бродови за помош за отворање на Ормуската Теснина, која е блокирана од Иран.

To top