Министерството за надворешни работи на Турција остро ја осуди израелската копнена акција во Либан, карактеризирајќи ја како очигледно кршење на меѓународното право и на суверенитетот на земјата.
Анкара предупреди дека оваа операција создава опасност од вовлекување на Блискиот Исток во хуманитарна катастрофа и дополнително ја поткопува регионалната стабилност.
Турското МНР директно ја обвини владата на Бенјамин Нетанјаху дека ги проширува своите политики на „геноцид и колективно казнување“ врз либанскиот народ.
„Уште еднаш изразуваме солидарност со Либан пред овие напади“, стои во соопштението, во кое се додава дека Турција историски се позиционира како заштитник на суверенитетот во регионот. Според Анкара, новиот бран насилство ги саботира сите напори за постигнување мир и го турка регионот во уште поопасна фаза.