Свет Во однос на доларот

Турската лира падна на нов историски минимум

Инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци.

Турската лира падна на нов историски минимум

Турската лира падна на ново историски најниско ниво во однос на доларот бидејќи американската валута денеска во 11:10 часот се тргуваше за 30,6 лири на меѓународната берза Форекс.

Годишната стапка на инфлација во Турција се забрза на 64,86 отсто во јануари од 64,77 отсто во декември, објави турскиот институт за статистика – Туркстат на почетокот на неделата.

Инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци.

Гувернерката на Централната банка на Турција (ТЦМБ), Хафизе Гаје Еркан, неочекувано поднесе оставка на почетокот на февруари поради лични причини, а за нејзин наследник беше назначен Фатих Карахан, кој рече дека ќе продолжи со цврста монетарна политика, објавија медиумите.

ТЦМБ на крајот на јануари ја зголеми референтната каматна стапка од 42,5 на 45 отсто.  (МИА)

To top